Џорџ Лукс не ја напиша приказната, а Стивен Спилберг не е режисер
Студиото „Дизни“ го објави првиот трејлер за филмот „Indiana Jones and the Dial of Destiny“, како што официјално се вика петтиот дел од франшизата со Харисон Форд, најавен за 30-ти јуни 2023 година.
Трејлерот го покажува остарениот Инди во неговите славни денови на археологија и авантура, а последното излегување е сместено во 1960-тите, за време на вселенската трка меѓу САД и Советска Русија.
Трејлерот почнува со класичните лудории на Инди кои ѝ пркосат на смртта додека тој скока меѓу автомобили кои брзо се движат. Го гледаме и како трча покрај воз во движење и вози мотор на дожд зад авион, но „тие денови дошле и поминале“, вели Форд како пензиониран Инди кој се држи до наставата.
– Не верувам во магија, но неколку пати во животот сум видел работи кои не можам да ги објаснам – вели Индијана по првиот поглед на негативците кои ги играат Мадс Микелсен и Антонио Бандерас.
Култната музика на Џон Вилијамс свири додека Инди ја зема својата федора, за влакно избегнува воз на коњ и камшикува некои негативци на крајот од трејлерот. За разлика од претходните филмови, Џорџ Лукс не ја напиша приказната, а режисер не е Стивен Спилберг. Наместо тоа, двете задачи ќе ги изврши Џејмс Манголд, кој е познат по неговите филмови како „Логан“ и „Ford vs.Ferari“. Спилберг сè уште е вклучен како извршен продуцент, а Лукас, оригиналниот креатор на филмската франшиза, е заслужен за одредено учествување во сценариото.
„Индијана Џонс 5“ би требало да биде последниот филм не само за 80-годишниот Форд, туку и за 90-годишниот композитор Вилијамс.
– „Кога Харисон Форд, кој е многу помлад од мене, објави дека тоа ќе биде неговиот последен филм. Си помислив, ако Харисон може да го направи тоа, тогаш можеби можам и јас“, рече Вилијамс.