Опенхајмер бил еден од главните соработници на проектот Менхетен, владиното истражување насочено кон создавање нуклеарно оружје, кое траело од 1942 до 1946 година.
Првиот трејлер за новиот филм на еден од најважните режисери на денешницата, Кристофер Нолан, „Опенхајмер“ е достапен за љубителите на неговите дела ширум светот.
„Опенхајмер“ го прикажува животот и етички сомнителните признанија на физичарот Џеј Роберт Опенхајмер, кој е заслужен за измислувањето на атомската бомба.
Опенхајмер бил еден од главните соработници на проектот Менхетен, владиното истражување насочено кон создавање нуклеарно оружје, кое траело од 1942 до 1946 година.
Покрај тоа, тој бил и директор на лабораторијата во Лос Аламос, каде што бомбите биле физички склопени.
Килијан Марфи го игра Опенхајмер, означувајќи ја неговата прва голема улога во еден од филмовите на Нолан. Марфи беше дел од актерската екипа на многу филмови на Нолан, како што се „Inception“, „The Dark Knight“ и „Dunkirk“.
Во актерската екипа се и Флоренс Пју, Емили Блант, Роберт Дауни Џуниор, Мет Дејмон, Гери Олдман, како и Рами Малек, Бени Сафди и многу други.
Филмот е заснован на биографскиот роман „American Prometheus: The Triumph and Tragedy of J. Robert Oppenheimer“, од авторите Кај Бирд и покојниот Мартин Џеј Шервин, кој во 2006та година добил Пулицерова награда.
Покрај адаптацијата на книгата за екранизација, Нолан е и режисер и продуцент на филмот.
„Опенхајмер“ е првиот филм на Нолан по „Мементо“ од 2000 година што не беше објавен од „Варнер Брос“, откако нивната соработка заврши по објавувањето на Тенет.
Опенхајмер пристигнува во кината на 21-ви јули 2023 година.