Дека Американците се шампиони во шоу-бизнисот говори и тоа што од секој „вирален“ настан снимаат филм или серија. Така е и со правниот процес меѓу актерските ѕвезди и поранешните сопружници Амбер Херд и Џони Деп.
Сето ова беше преточено во продукцијата на „Hot Take: The Depp/Heard Trial“, а првиот трејлер веќе ја виде светлината на денот. На видеото можеме да видиме снимки од судницата, но и надвор од неа.
Во филмот „Hot Take: The Depp/Heard Trial“ играат Марк Хапка (Џони Деп), Меган Дејвис (Амбер Херд), Мелиса Марти (Камил Васкез, која го застапуваше Џони Деп на суд), Мери Кериг (Елејн Бредехофт, која пред судот беше застапувана од Амбер Херд).
На некои луѓе им се допадна трејлерот, а на некои им беше смешен. Актерот кој го игра Деп, на пример, изгледа помлад од актерката што го глуми Херд, иако Џони е две децении постар од Амбер во реалниот живот.
Инаку, како што изјавија продуцентите, премиерата на филмот „Hot Take: The Depp/Heard Trial“ е на 30 септември.
Погледнете го трејлерот: