Оваа грешка ја прават сите кога МИЈАТ САДОВИ: Дерматолог советува – ако течноста прави многу пена, си го загрозувате здравјето

popara14 јуни, 20221min00
17957_shutterstock-772667173_f

Правилото кое сите домаќинки го следат при изборот на детергент за миење садови е дека „ако прави многу пена – подобро чисти“.

Се нудат разни видови со додаток на камилица, алое вера, лимон и слично, кои треба да ја заштитат кожата при миење.

Дали е навистина така, дали помагаат да се зачува здравјето на кожата?

„Средството за чистење не е крем за раце“, вели рускиот дерматолог Кристина Павлова. „Не може да ја навлажнува кожата. Напротив, секој детергент за миење садови го уништува заштитниот слој на кожата и предизвикува сувост, првут и ја извлекува влагата од неа.

Таа предупредува дека овие ароми можат да предизвикаат сериозни проблеми кај луѓето кои патат од астма или имаат проблеми со белите дробови. Често се случува поради силните мириси да им отежне дишењето и да почувствуваат „гушење“.

Штетните материи од детергентите влегуваат во телото преку кожата, што долгорочно може да предизвика не само кожни болести – како што се иритација, црвенило, осип, дури и херпес, туку и гастроинтестинални проблеми.

Како да се избегне внесувањето на токсични материи во телото?

Дерматологот вели – многу едноставно! Внимателно изберете детергенти, прочитајте го нивниот состав на етикетите.

Важно е компонентите да не содржат вештачки ароми, етилен-диамин-тетра-оцетна киселина, што влијае на формирањето на пена, а сурфактантите да се што е можно помеки. Да, сјајот може да биде производ што добро се пени и мириса добро , но за здравјето е многу полош. Изберете што ви е најважно“, предупреди Павлова и советува да користите ракавици за перење.

За да се заштити телото, експертите советуваат детергентите да се разредуваат со вода, многу темелно да се измие сунѓерот и да се мијат садовите со проточна вода најмалку 20 секунди.

Гастроентеролозите, пак, советуваат подрастично решение.

“Доколку сакате целосно да ја елиминирате можноста за труење, не користете детергенти за миење садови. Има многу подобра алтернатива. На пример, сода бикарбона или сапун за перење се одлични за отстранување на маснотиите”.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma