Современиот начин на живот, кој подразбира големи количини на стрес во текот на денот, на работа, дома, на улица, во сообраќај, брзиот и нездрав начин на живот кој повеќето од нас го водат, неквалитетната и нередовна исхрана полна со шеќер, чија последица е да предизвика непријатност наречена – надуеност и гасови во стомакот.
Надуеноста треба да се разликува од задржувањето на водата, иако овие состојби често се мешаат. Едноставно кажано: надуеноста вклучува зголемено количество течности, цврсти материи и гасови во нашиот дигестивен систем, додека задржувањето на водата е само вода.
Дури 15-30% од луѓето редовно чувствуваат надуеност, па јасно е дека тоа е многу честа состојба. Но, иако во некои случаи на надуеност има сериозни медицински проблеми, во повеќето случаи причината за надуеност е лошата исхрана или нетолеранција или алергија на одредена храна или состојки.
Дури и ако не ви е дијагностицирана целијачна болест, глутенот може да има негативен ефект врз вашиот стомак. Надуеноста, болките во пределот на желудникот и проблемите со варењето најчесто се последица на прекумерно внесување на глутен.
Но, кој не сака да јаде топол леб во текот на денот или да ужива во пица со филм? За среќа, постојат природни лекови кои можат да ги неутрализираат ефектите на глутенот.
Едни од најефикасните се боровинките. Имаат многу предности за нашиот организам, а се најсилното „оружје“ во борбата против надуеноста.
Антиоксидансите присутни во боровинките го штитат телото од оптоварувачките слободни радикали кои всушност нè прават да имаме поголем стомак отколку што би сакале. Затоа, доколку сакате да се ослободите од надуеноста, посегнете по боровинки.
Сепак, имајте на ум дека е многу важно кога ги јадете. Според советите на нутриционистите, овошјето се конзумира на празен стомак за да се избегне ферментација во цревата. Така, следниот пат кога ќе отидете во италијански ресторан или ќе сакате да уживате во други тестенини, половина час пред тоа, на празен стомак, изедете една рака боровинки. И никогаш нема да имате проблеми со надуеност.