Кога сакаат да ослабат, луѓето често бараат алтернативна храна која ќе ги држи сити долго време, а која нема да содржи многу калории.
Диететичарката Сузи Бурел од Австралија откри дека е важно да се ужина во текот на денот, дури и кога сакате да ослабете, но дека мора да внимателно да ја бирате храната.
– Клучното нешто што треба да се запамети кога се во прашање грицките е дека ви требаат помали количини кои ќе не заситат 2 до 3 часа, или до поголем оброк – вели таа.
Најдобро би било да јадете некоја од овие комбинации:
- Грчки јогурт со шумско овошје
Калциумот од грчкиот јогурт и антиоксидансите од бобинките се „хранлив спој од рајот“. Јогуртот има малку шеќери, го намалува нивото на гликоза во крвта, а овошјето има малку калории и многу влакна.
- Печен наут
Одлична ужина која има малку калории, многу влакна и многу протеини. Сузи вели дека не ви треба голема количина за да ве засити, доволно е една шака.
- Енергетски плочки од јаткасти плодови
Ќе ви го намалат апетитот, ќе го регулираат нивото на гликоза во крвта и ќе ве држат сити.
- Сирење и крекери
– Сирењето е нутритивно богато, има многу протеини, калциум и магнезиум. Кога ќе го искомбинирате со јаглехидрати, односно крекери од житарки од цело зрно, ќе добиете урамнотежена ужина – вели диететичарката.
Откри и една храна по која многумина сакаат да посегнуваат меѓу оброците, а всушност и не е така добар избор. Ова се галетите од ориз.
– Тие се чисти јаглехидрати и само 10 крекери се еднакви на две кришки леб. Ако го изедете цело пакување, ќе изедете повеќе од 100 грама јаглени хидрати. Ќе ви го подигне нивото на шеќер во крвта, а потоа нагло ќе опадне подоцна.