Што откриваат „говорот на телото“ и омилените пози во кревет? Да речеме, ако на мажот му се допаѓа мисионерската поза, дали тоа значи дека е досаден?
Тоа всушност кажува нешто сосема спротивно.
Мисионерска поза за доверлива личност
Мажите кои ја сакаат мисионерската поза во сексот, строго се придржуваат до правилата во животот, верни се и нежни партнери кои нема да ја разочараат партнерката. Тие се сигурни и воопшто не се здодевни. Во оваа поза целото негово внимание е насочено кон партнерката, а има и контакт со очи, прегратки, бакнежи. За стабилност и размена на нежности, таков маж е совршен избор, истакнува експертот за говор на телото Жан Харгрејв.
Поза „лажица“ за чувствителен тип
Позата лажица, односно положбата во која двајцата партнери лежат на страна, а мажот зад партнерката, открива личност која постојано бара потврда за чувствата на жената. Оваа поза овозможува посебна интимност, што укажува дека мажот е чувствителен тип, објасни Харгрејв.
Доги стилот не го разоткрива емотивно
Ако мажот го обожава кучешкиот стил, тој всушност сака да доминира, да биде алфа мажјак и не сака премногу емотивно да се отвора. Бидејќи во оваа поза нема никаков контакт со очите, тоа е она што тој всушност го сака бидејќи така добива сигурност. Оваа поза не вреска љубов и почит, а доколку инсистира на таа поза, може да има проблеми со самодовербата.
Ако жената е горе, на мажот не му е важно и нејзиното задоволство
Иако на повеќето мажи оваа поза најмногу им се допаѓа, таа не кажува многу добро за нив. Ако мажот инсистира на неа, тој навистина не сака да вложи премногу труд, туку ја остава својата партнерка да ја игра играта. Недостатокот на амбиција и мотивација не се однесува само на сексот, туку и на другите делови од животот затоа што овој маж е најчесто навикнат се да му се угодува. Но, ако не инсистира само на оваа поза, туку му е една од омилените, се работи за вжештена фантазија и таквиот маж ќе може да и пружи многу добра забава на партнерката.