Оваа РИБА е најдобра за здравјето на СРЦЕТО: Јадете ја најмалку 2 пати неделно, го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања

popara19 ноември, 20221min00
22451_shutterstock-1061485946_f

Она што го јадете има повеќе влијание врз вашето здравје отколку што мислите, особено кога станува збор за здравјето на срцето.

Важно е да ги изберете најдобрите, висококвалитетни состојки, а вистинскиот протеин ќе обезбеди вашето срце да остане здраво на долг рок.

– Најдобрите протеини за вашето срце се оние кои имаат малку заситени масти. Заситените масти, кога се консумираат редовно, можат да придонесат за зголемување на вкупниот и лошиот (ЛДЛ) холестерол, изјави диететичарката Ејми Гудсон за „Eat This“.

Натрупувањето на ЛДЛ холестеролот во крвотокот може да ги запуши артериите, зголемувајќи го ризикот од кардиоваскуларни болести. Одржувањето на ниско ниво на ЛДЛ холестеролот е клучно за добро здравје на срцето како што стареете, што значи редовно избирање на посни протеини со ниска содржина на заситени масти.

Еден од најдобрите начини да го направите ова е да вклучите риба во вашето мени. А лососот е најдобриот избор со сите негови хранливи придобивки.

– Лососот содржи висококвалитетни протеини и хранливи материи како што се витамините Д, Б6, Б12, селен, фосфор и калиум, како и омега-3 масни киселини. Масната риба, како лососот, најдобро го снабдува организмот со омега-3 масни киселини, кои се здрави за срцето и имаат заштитно дејство врз него – објасни Гудсон.

Омега-3 масните киселини можат да помогнат во зголемување на нивото на ХДЛ или добриот холестерол. Според списанието „Circulation“, омега-3 масните киселини исто така можат да го намалат нивото на триглицериди и да ја намалат агрегацијата на тромбоцитите, што може да предизвика проблеми со протокот на крв во срцето. Покрај тоа, тие имаат антиинфламаторно дејство.

За целосно искористување на сите придобивки за здравјето на срцето што ги нуди лососот, Гудсон препорачува да се јаде двапати неделно. Американското здружение за срце исто така препорачува порција мрсна риба двапати неделно. Иако е познато дека рибите се изложени на жива, Гудсон истакнува (и го поддржуваат истражувањето) дека придобивките од консумирањето омега-3 масни киселини далеку ги надминуваат можните ризици од јадење риба, а Американското здружение за срце се согласува.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma