Ова дефинитивно е ИСПАД НА ГОДИНАТА: Меган Фокс и познатиот рапер на доделувањето на наградите имаа СЕРИОЗЕН „КИКС“

popara15 април, 20221min00
25580_screenshot-36_f

Ова е доказ дека паровите од Инстаграм кои имаат супер вљубени слики, не значи дека нивната врска е без проблеми

Меган Фокс и нејзиното момче, музичарот Машин Ган Кели, ја интригираа јавноста уште од првиот ден. Секое нивно појавување е бурно и не може да помине незабележано, поради нивниот начин на облекување и разменување нежности во јавноста.

Имено, на 10-ти април беше шестата годишнина од доделувањето на „Daily Front Row Awards“ во Лос Анџелес, каде се појави овој пар и ги измами, како и секогаш, сите погледи на останатите гости.

Машин и Меган често велат дека нивната „близначка“ љубов е единствена за сите времиња, па често сакаат да му покажат на светот колку се сакаат јавно и на социјалните мрежи.

Сепак, на овој настан ситуацијата беше драстично поинаква.

Двојката цело време беше многу дистанцирана и оддалечена, што за сите беше шокантно бидејќи секогаш се како „нокт и прст“ поврзани и неразделни.

Меѓутоа, вистинскиот шок настанал кога Машин почнал да ја бакнува Меган, а таа само се свртела на другата страна и го игнорирала неговиот потег. Тој бил видно шокиран и од срам почнал да се смее.

Видеото може да го видите ОВДЕ.

Веруваме дека не очекувал вакво јавно „понижување“ и нејзино видно студено однесување пред камера.

Која е причината за овој „неуспех“, се уште нема конкретни информации од медиумите, но останува прашањето дали овој пар сега има некои сериозни проблеми и дали можеби на оваа „вселенска“ љубов и доаѓа крајот.

Да се потсетиме, Меган по една деценија брак го остави Брајан Остин Грин со кого има три деца поради овој рапер.

Ќе видиме каков ќе биде исходот од нивната врска на крајот, но секако сакаме да уживаат во нивната љубов како и досега. И, секако, да ги решат сите несогласувања кои очигледно ги имаат.