Ова е една од главните причини зошто Омикрон се прошири толку брзо

popara19 август, 20221min00
Screenshot_4

Повеќето од луѓето кои биле заразени со Омикрон варијантата на корона вирусот не биле ни свесни дека имаат Ковид-19

 

 

Повеќето од луѓето кои биле заразени со Омикрон не ни сфатиле дека се позитивни на новиот корона вирус, открива новото истражување.

 

– Токму ова ниско ниво на свест за инфекцијата придонесе за брзо ширење на Омикрон – изјави д-р Сузан Ченг.

 

Новото истражување на медицинскиот центар „Cedars-Sinai“ во Америка покажа дека повеќето луѓе кои биле заразени со Омикрон варијантата на корона вирусот не биле ни свесни за тоа.

 

Недостатокот на свест дека се заразени значи дека луѓето не можат да преземат чекори за да го спречат вирусот да се шири понатаму.

 

Статистиката е таква што секој втор човек кој имал омикон не знаел дека го има, податоците на авторот на студијата д-р Ченг, објавени во списанието „JAMA Network Open“.

 

Претходните студии проценуваа дека најмалку 25 проценти, и потенцијално 80 проценти, од луѓето заразени со корона вирусот можеби немаат никакви симптоми.

 

На почетокот на студијата, авторите почнаа да собираат примероци од крв од здравствените работници, а во есента 2021 година почнаа да собираат примероци и од пациенти.

 

Од 2.479 здравствени работници и пациенти кои давале примероци од крв околу времето кога започнал бранот омикрон, истражувачите откриле 210 луѓе кои биле заразени со оваа варијанта врз основа на новите позитивни нивоа на антитела во крвта.

 

Истражувачите потоа ги анкетирале учесниците во студијата за да добијат ажурирања за нивниот здравствен статус, а за време на овие тестови, само 44 отсто од учесниците кои имале антитела биле свесни дека се заразени.

 

Повеќето не само што не биле свесни за каква било инфекција, туку само 10 проценти изјавиле дека воопшто имаат какви било симптоми. Имаше и такви кои веруваа дека симптомите се предизвикани од настинка или друга инфекција.

 

„Се надеваме дека луѓето ќе ги прочитаат овие наоди и ќе помислат: „Само што бев на настан каде што некој беше позитивен“ или „Туку што почнав да се чувствувам малку болен, можеби треба да се тестирам“, вели д-р Ченг.

 

– Колку подобро ги разбереме сопствените ризици, толку подобри ќе бидеме во заштитата на здравјето на јавноста, но и на себе – додаде таа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma