Ова е НАЈЛОШАТА храна на светот: Секој залак ни го скратува ЖИВОТОТ, заменете ја со овие

popara6 август, 20221min00
32493_outcast-india-w3waemebxqe-unsplash_f

Секој залак од оваа нездрава намирница може да ни го скрати животниот век

Експертите од Универзитетот во Мичиген го пресметале оптоварувањето по здравјето кое се јавува после различни јадења, со што станале првите кои даваат конкретни оценки за вашите омилени грицки. Откриле дека една порција јаткасти плодови може да додаде речиси 26 минути во животот на човекот, пренесува „The Telegraph“, но секој изеден хот-дог го скратува животот за 36 минути.

Во меѓувреме, сендвичот со путер од кикирики и џем додава повеќе од половина час. Студијата, објавена во списанието „Nature Food“, се заснова на очекуваниот здрав животен век – должината на времето кога едно лице има добар квалитет на живот без коморбидитети. Научниците кои стојат зад откритието го пресметале директното влијание на околу 6.000 различни оброци, закуски и пијалоци. Тие покажаа дека ако некој што јаде говедско и преработено месо (како сланина) замени само 10 проценти од калориите со храна од растително потекло, може да добие 48 дополнителни минути живот дневно.

Најлошата храна по порција била:

Виршли: -36 минути

Сланина: -26 минути

Чизбургер: -8,8 минути

Безалкохолни пијалоци (газирани или засладени): -12,4 минути

Заменете со…

Сендвич со путер од кикирики и џем: +33,1 минути

Печен лосос: +13,5 минути

Банана: +13,5 минути

Домат: +3,8 минути

Авокадо: +1,5 минути

Целта на студијата била да се разгледа влијанието на храната врз здравјето и животната средина. Истражувачите на секоја храна и дале оценка врз основа на тоа дали треба да јадеме повеќе или помалку од производот. Авторот на студијата, професорот Оливие Џолиер, вели: „Итноста од промена на исхраната за подобрување на здравјето на луѓето и животната средина е јасна“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma