Ова е ПОМЛАДИОТ БРАТ НА БРЕД ПИТ: Сите велат дека е позгоден од глумецот, а еве со што се бави Даглас!

popara27 декември, 20221min00
1099_shutterstock-1412672144_f

За разлика од Бред (58), кој долги години е тивко страдање на жените ширум светот и има милиони на сметка благодарение на неговите улоги, Даглас е претприемач, инвеститор и филантроп.

Бред е три години постар од својот брат, а за разлика од актерот, Даглас води хармоничен приватен живот. Со жена му Лиза, Пит застана пред олтарот во 1990 година, а заедно имаат три деца – Лендон, Сидни и Реган.

Од 2010 година, Пит е амбасадор на Goodwill за Танзанија и ја основал фондацијата „Care To Learn“, која ги финансира децата на кои им е потребна храна, хигиена и медицинска нега.

Тој е сопственик и на ИТ компанијата ServiceWorld, која ја основал во 1991 година, а се занимава и со продажба на недвижен имот.

Даглас често зборувал за тоа како фотографијата е една од неговите најголеми страсти и во исто време омилено хоби, а повеќе од 20 години го прави токму тоа во слободното време. Тој има изложувано низ САД и неговите фотографии се појавија во бројни американски и меѓународни списанија. Сака да вози велосипед и често пешачи со семејството и пријателите.

Иако многумина велат дека се оддалечени два света, Бред и Даглас Пит имаат одлична врска, па редовно се слушаат и многу си даваат поддршка. Иако не се гледаат често поради природата на работата на Бред, тие наводно се држат до својата врска и ја користат секоја прилика да се дружат.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma