Погледнете го видеото ОВДЕ и станете експерт
Понекогаш само молив за очи, маскара и пудра на вашето лице ќе направат голема разлика.
Ефиктната линија долж работ на очниот капак, ќе направи трепките да ви изгледаат погусто, а обликот на окото како да е во облик на бадем. За почеток би било добро да го земете оној ајлајнер со тврд апликатор, а можете да користите и фломастер.
Откако ќе се обидете неколку пати, вашата рака ќе го извежба овој едноставен потег, па со само две прави црти ќе нацртате совршена линија на очниот капак.
Овој гламурозен начин на шминкање може да биде во различни бои, но секако најефективниот е – црниот ајлајнер.