
Прашање е дали некогаш ќе се најдете во ситуација да немате со што да ја отворите конзервата или не, но не е лошо да знаете дека постои добар трик
Наместо очајно да забивате конзерва во конзерва, има многу подобар начин да ја отворите ако немате отворач. Ова е фантастичен трик кој ќе ве спаси кога ќе се најдете некаде во природа и ќе огладнете, а не сакате да го уништите сечилото на ножот.
Едноставно протријте го горниот дел од конзервата преку рамен камен, истиснете го од страна и капакот сам ќе излезе. Ова ќе ви одземе помалку од една минута.