Ова здолниште е апсолутен хит веќе 5 децении: Ја носат жени од сите возрасти и големини, во сите годишни времиња

popara29 октомври, 20221min00
347672_shutterstock-579971776_ff

Едно од најпопуларните парчиња облека на планетава се секако тексас здолништата. Ова парче облека се носи речиси низ целиот свет, а откако за прв пат се појавија во седумдесетите, тексас здолништата станаа апсолутен моден хит.

Денес имаме можност да ги видиме во многу различни дизајни, бои, должини. Сепак, најпопуларни се мини и миди.

Како и претходните години, така и оваа 2022 година, тексас здолништата го заслужија своето место во женските гардероби.

Тексас здолништата се лесни за комбинирање, па можете да ги носите во текот на денот, а во зависност од чевлите, лесно може да се трансформираат од спортски во елегантни.

Тексас здолништата можете да ги комбинирате со блејзери, кошули и едноставни маици, заедно со сандали со потпетици, мокасини или тренерки.

Ги носат жени од сите големини, бидејќи можат многу добро да ги сокријат недостатоците. Исто така, тие се прифатливи за жени од сите возрасти. Важно е да ги изберете деталите и да добиете се што може да понуди ова парче облека.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma