Откако принцезата Леја се појави во златни бикини во „Војна на ѕвездите“, таа стана вечна модна референца за најатрактивните летни изданија на плажа, дури и ако не сте љубител на научно-фантастичниот жанр.
И тоа воопшто не е чудно, бидејќи златните и сребрените бикини привлекуваат внимание со својот сјај, ја истакнуваат исончаната кожа и секоја фигура ја претвораат во „уметничко дело“ со бронзена кожа и златни детали.
Сјајот на металот често се поврзува со футуристички стил, но во новата кампања на нејзиниот бренд Skims, Ким Кардашијан му даде ретро шмек и покажа дека златните и сребрените бикини можат да се стилизираат на различни начини и да раскажуваат различни модни приказни, без разлика дали одите на речиси скриена плажа или на најпопуларните базени, не може да помине незабележано.
Покрај сјајот на среброто и златото, кога станува збор за бикините, оваа година исклучително популарни се оние исткаените со металик конци во најразлични бои кои имаат блескав ефект, па сите оние кои преферираат бои не треба да се откажат од малку сјај. Дополнете го вашиот изглед со креми за сончање и масла со златни честички, оставете го омиленото златно ланче, додадете уште едно парче накит и направете го летото – златното доба!
А кои бикини се предмет на желба, погледнете во галеријата: