Ова масло кое се јаде се поврзува со намален ризик од појава на рак за дури 30 проценти

popara7 септември, 20221min00
maslinovoulje-830x0

Многу истражувања покажаа дека еден вид масло за јадење може да го намали ризикот од рак за 30 отсто, а сето тоа благодарение на уникатното антиоксидативно дејство, пренесува „Експрес“.

Превенцијата на рак е број еден кога зборуваме за оваа болест.

За среќа, постојат одредени состојки кои можат да го попречат растот и развојот на ракот благодарение на нивната антиоксидантна активност.

Овие ефекти се особено забележливи кај луѓето кои редовно консумираат маслиново масло. Има се повеќе докази кои го поддржуваат ставот дека компонентата на маслиновото масло обезбедува заштита од развој на неколку видови на рак, според мета-анализата од 2022 година објавена во списанието „Plos one“.

Студијата откри значајни разлики во ризикот од рак меѓу поединците кои консумираат маслиново масло и оние кои не консумираат.

Поволното дејство на маслиновото масло во голема мера се припишува на неговиот одличен состав, богат со монозаситени масни киселини и фенолни соединенија.

Мета-анализата на 45 студии покажа дека заштитата е најзначајна за ракот на дојката, гастроинтестиналниот и уринарниот тракт.

Во заклучокот од анализата се наведува дека маслиновото масло има голем број заштитни ефекти против развојот на ракот и дека понатамошните истражувања би можеле да дадат подобар увид во тоа која точно е улогата на маслиновото масло во превенцијата од рак.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag