ОВА НАЈМНОГУ ГИ ОШТЕТУВА ЗАБИТЕ: Еве во кои случаи НИКОГАШ не треба да ги миете после ЈАДЕЊЕ!

popara2 мај, 20221min00
Screenshot_14

Кога станува збор за четкањето на забите, постојат два типа на луѓе: оние кои ги мијат пред појадок и оние кои го прават тоа после појадокот.

 

 

Доколку спаѓате во оваа втора група, постои можност со тоа што ќе направите нешто што ви изгледа многу корисно, всушност да го нарушите вашето здравје.

 

Миењето заби после оброк е најдобриот начин за борба против бактериите кои ја штитат вашата глеѓ од оштетување, но во некои случаи миењето заби може да го направи токму спротивното. Кога јадете или пиете нешто кисело, како што е сок од портокал, цеден грејпфрут или вода со лимон, лимонската киселина од овие намирници може да ја омекне забната глеѓ, со што ќе стане послаба.

 

Ако сакате да пиете чаша сок од портокал или да додадете парче лимон во водата за појадок, подобро е да не ги миете забите 30 минути по јадење, за да не ја оштетите глеѓта.

 

Ја менувате бојата на забите

 

Глеѓта е тука за да ги заштити вашите заби, а доколку е оштетена, со текот на времето може да настанат дамки и промена на бојата на забите. За да ја зачувате бисерно белата насмевка, најдобро би било да ги измиете забите пред појадок.

 

Ги правите забите почувствителни

 

Ако некогаш сте почувствувале ненадејна, остра болка при конзумирање на нешто топло или ладно, вашите заби се чувствителни. Чувствителноста може да се појави од различни причини, а една од нив е ослабената глеѓ.

 

Бидејќи четкањето на забите веднаш по конзумирање на одредена храна може да ја зголеми чувствителноста на забите, подобро е да го спречите овој непријатен несакан ефект и да ги миете забите пред јадење.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma