Се сеќавате ли на оние денови кога со часови се подготвувавте за првиот состанок со нов партнер?
И не само за состанокот… По некое време кога ќе дојде до размена на нежности и интимност, и мажите и жените се грижат што ќе забележи партнерот кај нив.
Никој не е совршен, сите имаме маани, затоа опуштете се и уживајте.
Сепак, списанието Men’s Health спроведе истражување меѓу машката популација со цел да утврди што е првото нешто што тие го забележуваат кога имаат интимен однос со партнерката.
Кога станува збор за физичкиот изглед, можеби ќе се изненадите, но голем број мажи велат дека нивните очи се она на што најмногу обрнуваат внимание…
Сепак, важни им се и градите, како и задникот.
Сепак, она што најмногу може да ги возбуди е она што жените го покажуваат при водењето љубов, а тоа е иницијативата. Кога жената е расположена за секс, ништо друго не е важно.
Добрата предигра речиси гарантира страстен секс, а доколку партнерите се опуштени и отворени, ете прилика добро да се запознаат.
Само оние парови кои добро ги познаваат своите партнери можат да ги знаат и да ги задоволат во кревет. Бидете отворени, јасно покажете што сакате.
Работи со кои жените често се оптоваруваат како целулитот, неколку поткожни влакна, малку вишок на колковите… Сето ова е помалку важно.
Она што е важно е дека постои меѓусебна поврзаност, време одвоено само за тој чин и желба да се достигне кулминација… Тогаш се друго паѓа во втор план.