Фантастична закуска која често ќе ја правите
Ако сакате да направите вкусна и брза закуска, ние го имаме токму тоа за вас.
Солените стапчиња полнети со сирење и ајвар ќе ги остават сите без зборови.
Не можете да најдете ваков деликатес во пекарите.
Пробајте и уверете се сами!
Состојки:
200 мл млеко
2 лажици масло
10 гр квасец
1 лажичка шеќер
300-350 гр брашно
100 гр сирење
3 жолчки
2 лажички ајвар
Подготовка:
Квасецот издробете го во млако млеко, додајте шеќер и кога ќе стане пенесто додадете брашно, масло и малку сол и замесете глатко тесто.
Оставете го да отстои 30 минути, па со сукало развлечете го во правоаголник. Издробете го сирењето, додадете ги двете жолчки и измешајте. Поделете ја смесата на два дела.
Во едниот дел додадете 2 лажички ајвар и измешајте.
На долната половина од тестото додадете лента од светлото сирење, па лента со ајвар и така до крај. Покријте со горниот дел од тестото, притиснете со раце и малку расукајте со сукало.
Исечете на ленти и се завиткајте. Наредете на намрсена тава. Покријте ги да нараснат малку, премачкајте ги со жолчка и посипете со сусам, ким и крупна сол. Печете на 200 степени околу 25-30 минути.
Погледнете го упатството за подготовка чекор-по-чекор: