Нема потреба да зборуваме колку е важно, особено во потопло време, редовно да ја менувате постелнината.
Сепак, одржувањето на хигиената не е најсилната страна на сите, а истражувањата покажуваат дека многумина ја менуваат постелнината многу поретко отколку што треба.
Најголемата грешка што луѓето ја прават е да ја остават постелнината на креветот повеќе од една до две недели. После тоа, истакнуваат експертите, спиете опкружени со телесните масла што ги ослободува кожата, бактерии, мртви клетки на кожата, како и грини.
Од друга страна, редовно менување на постелнината може да ги оддалечи бактериите и алергените, па дури и да ви помогне да спиете подобро.
За постелнината да биде чиста, треба да ја менувате еднаш неделно, а експертите имаат неколку совети за миење.
Првата е добро да ги прочитате етикетите бидејќи не се перат сите постелнини, т.е. сите материјали на исти температури, а следејќи ги упатствата на производителот ќе постигнете најдобри резултати.
Пред да ја ставите постелнината во машината за перење, третирајте ги дамките, доколку ги има.
Не ја преполнувајте машината бидејќи постелнината има потреба од простор за движење во барабанот за да биде добро измиена.
Ако и кога имате можност, исушете ја постелнината надвор – ќе мириса свежо, а сончевите зраци ќе ја дезинфицираат.
Исто така, не е лошо одвреме-навреме да ја пеглате постелнината, доколку не го правите тоа поинаку, бидејќи на овој начин ќе ги убиете бактериите кои можеби го преживеале миењето.