ОВА ОВОШЈЕ ГО ЧУВА СРЦЕТО: Има само 104 калории, се препорачува на луѓе кои сакаат да ослабат

popara4 јануари, 20221min00
411001_pexels-karolina-grabowska-4386466_f

Доколку барате идеална закуска која нема премногу калории, а во исто време сакате да се освежите и да ја подигнете енергијата, грозјето е одличен избор.

Една шолја од ова овошје има само 104 калории, па затоа им се препорачува на оние кои сакаат да ослабат.

Напоменувајќи дека само дијабетичарите треба да внимаваат, бидејќи една помала китка од 100 грама содржи околу 15 грама шеќер, нутриционистите ги наведуваат неговите бројни здравствени придобивки.

Ги зајакнува коските

Грозјето е богато со витамин К, кој е важен за здравјето на коските, додека витаминот Ц е моќен антиоксиданс кој го забавува стареењето и ја поддржува апсорпцијата на железото.

Спречува воспаление

Ако јадете една или две шолји грозје во текот на денот, ќе го намалите ризикот од воспалителни процеси во организмот, кои се причина за многу хронични заболувања.

Го чува срцето

Грозјето содржи голем број на соединенија кои го одржуваат крвниот притисок под контрола.

Што е поздраво: црно или бело?

Црното грозје содржи антиоксиданс ресвератрол, кој благотворно делува на човечкото тело, а особено на кардиоваскуларниот систем. Го спречува згрутчувањето на крвта, ја стимулира циркулацијата, ги ублажува воспалителните болести на цревата и позитивно влијае на дијабетесот.

Белото грозје нема толку многу хранливи материи како црното. Тоа е добар извор на витамини А, Ц и К, како и на некои минерали како калциум и железо. Нутриционистите забележуваат дека ова овошје ги решава дигестивните проблеми, но и дека има помалку оксална киселина од црвеното грозје, што некои студии го поврзуваат со формирањето на камења во бубрезите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma