Ова само ќе го ИЗПЛАШИ, а веројатно и ќе го избрка: НИКОГАШ не треба да му ја испраќате оваа порака на партнерот

popara5 април, 20221min00
Muskaracautovozivoznjaporukatelefon

Оние кои ја примиле оваа порака знаат какво е чувството

Најголемиот проблем со пораките, кои денес се составен дел, а во многу случаи и најчест начин на комуникација, е неможноста преку зборови да се пренесат емоциите.

Кога некој ќе прими порака со сув текст, постојат неколку начини на кои таа порака може да се интерпретира.

Меѓутоа, зборовите сами по себе имаат голема моќ, а некои реченици можат да имаат само и исклучиво негативна конотација.

Сигурно еднаш сте добиле порака: „Треба да разговараме“.

Три кратки зборови кои можат да се протолкуваат на неколку, исклучиво негативни начини. Причината е што ваквата порака звучи многу нападно и може да предизвика вознемиреност и размислување кај примачот на тема: „Што направив?“

Штом вашиот партнер ќе ја прочита оваа порака, ќе се постави во дефанзива. Автоматски ќе почне да ја преиспитува целата ваша врска и ќе се посомнева дека нешто не е во ред. Во исто време, сосема е можно само да сте мислеле дека треба да разговарате за плановите за викендот, на пример.

Пораките кои не ја кажуваат јасно намерата на испраќачот може да бидат многу вознемирувачки за примачот. Можеби изгледа како мала работа и дека човек кој е вознемирен поради нешто вакво е премногу чувствителен, но тоа не е така.

Истражувањата велат дека вознемиреноста најчесто предизвикува чувство на непријатност. Кога ќе го ставиме во контекст на кореспонденција, телефонот станува извор на стрес и немир, а вие негов провокатор.

Сигурни сме дека не сакате вашиот партнер, па дури ни пријател или член на семејството да ве доживува на тој начин.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma