ОВА СЕ ЗНАЦИ ДЕКА НЕ Е СЀ КАКО ШТО ИЗГЛЕДА Еве како да препознаете лажни емоции

popara3 февруари, 20221min00
Screenshot_5

Луѓето лажираат емоции затоа што сакаат да создадат искривен и лажен впечаток кај соговорникот. Кога човек покажува лажни емоции, тој доживува едно нешто во душата, но на површина – преку лицето и зборовите, покажува друго.

 

Овој израз се нарекува „површинска игра“, а емоциите кои најчесто се кријат се гнев и разочарување.Тоа е моментот кога на лицето се појавува насмевка, а душата се иритира.

 

Истражувањата покажуваат дека 75% од интеракциите на работа вклучуваат конвертирање и прикажување лажни емоции.

 

Индикатори на лажни емоции

 

Професорката по психологија Сузан Краус Витборн истакнува 5 знаци со кои можеме да препознаеме дека личноста покажува лажни емоции:

 

Емоциите не одговараат на ситуацијата

 

Личноста ви се насмевнува, иако сте направиле нешто непријатно или сте ја покажале својата моќ.Реалноста е дека негативните чувства би биле соодветни, но тие не се на површина.

 

Се чувствувате непријатно

Кога се покажуваат лажни емоции, тоа најчесто не е природна ситуација.Луѓето не се толку неверојатни актери, често претеруваат.Тогаш се чувствувате непријатно покрај нив.

 

Има знаци на напнатост

 

Напнатоста се чувствува во гласот, изразите на лицето, држењето. Обидувајќи се да го прикријат стравот или гневот, луѓето можат да се препуштат на невербални реакции.

 

Емоциите влијаат на физичката состојба

 

Гласот е малку спуштен, држењето е напнато, усните се компресирани и се избегнува контакт со очите.

Човекот прекинува и паузира во комуникацијата

Кога ќе почувствува дека повеќе не може да ги контролира своите емоции, личноста паузира во комуникацијата или го прекинува за да не му излезат чувствата и да не се откријат.

 

Потиснувањето на емоциите може негативно да се одрази на менталното и физичкото здравје, па затоа најдобро е да се соочите со вашите чувства, да станете свесни за нив и да ги пуштите доколку се негативни. Доколку имате проблем со изразување на емоции, тогаш може да ви помогне консултација со стручно лице во форма на психолог или психотерапевт.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma