Ова се летни намирници поради кои НЕМА ДА БИДЕТЕ ЖЕДНИ и ќе ве ЗАШТИТАТ ОД ВИРУСИ во потоплите денови

popara5 јуни, 20221min00
897c3d1962e1f1124b0ceb643b1a18d1566aad2d

Време е да го прилагодите вашето тело на високите летни температури

Дехидратацијата во топлите летни денови е најопасна за организмот. Иако се хидрираме со конзумирање вода, најважно е да ја прилагодиме храната и да го прилагодиме организмот на временските услови.

Остануваат да важат препораките од 8 чаши вода, па и повеќе, кога надвор се тропски температури. Јадењето здрава храна богата со вода е најмалку што можете да направите за вашето здравје и да спречите, како што нагласуваат лекарите, развој на некои бубрежни заболувања или да ги ублажите проблемите со дијабетесот.

Храната што ја јадеме е исто така многу важна за одржување на рамнотежата на водата во телото. Се проценува дека исхраната богата со овошје и зеленчук може да задоволи околу 20 отсто од дневните потреби за вода. Имајте на ум дека некои намирници содржат поголеми количества вода. Исто така, овошјето и зеленчукот е најдобро, доколку е можно да се јадат сирови, бидејќи може да изгубат значителен процент на вода при готвењето.

Пет намирници против дехидратација

Краставици

Краставиците се вистински извор на вода, што е дури 95% во овој зеленчук. Од краставици може да се направат разни салати кои можете да ги зачините на различни начини. Краставиците кои не се лупат имаат најмногу минерали и витамини, но советот е добро да се измијат и излупат пред подготовка.

Лубеница

Лубеницата е неизбежен дел од летната трпеза, има само 46 калории во една порција и многу вода. Може да се јаде самостојно или како дел од некои овошни салати. Разладената лубеница сигурно ќе ја задоволи вашата жед дури и во најтоплиот летен ден.

Диња

Лубеницата е најпопуларниот летен десерт, но дињата не заостанува. Порција диња, една шолја, содржи околу 427 милиграми (мг) калиум, кој е електролит и неопходен за балансот на водата во телото. Дињата можете да ја јадете сама, како дел од овошни салати или смути.

Јагоди

Слатките и црвените јагоди се одличен извор на витамин Ц, но и ризница на вода, која е застапена со 91% во ова овошје. Најдобро е да ги јадете самостојно, а потоа како дел од овошна салата.

Зелена салата

Сите видови зелена салата, вклучувајќи го и спанаќот, имаат многу вода. Се верува дека 95% од овие зеленчуци се вода. Употребата на зелената салата во кујната е широка, може да се додаде во сендвич, може да се јаде сама со малку маслиново масло и лимон или како дел од оброк салата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma