За убави локни не е потребна посета на фризер
Колку пати сме виделе некоја жена во близина и сме се запрашале дали нејзините убави локни се резултат на фризерска работа или сама ги направила? Ова е ситуација која ви се случува секој ден, особено ако сакате да имате кадрици кои мамат воздишки…
Ви откриваме три модели на локни кои се совршени за долга коса, но со малку вежбање можете да ги направите и на пократка коса. Се што ви треба е популарното фигаро и малку време да ги испробате едноставните движења со вртење на фигарото.
Следете ги едноставните упатства во видеото подолу. А пред да пробате на косата, пробајте на тенки ленти од стари алишта и бидете трпеливи, бидејќи тие сигурно не можат да бидат совршени првиот пат како во списание…
Видеото може да го погледнете ОВДЕ.