ОВИЕ БИЛКИ ГИ БРКААТ КОМАРЦИТЕ! Ослободете се од инсектите со помош на ПРИРОДАТА!

popara28 април, 20221min00
Screenshot_8

Ако не сакате комарците да ви ги уништат топлите летни ноќи, тогаш во градината, на балконот или на прозорците поставете ги овие миризливи билки.

 

Некои од нив можете да ги употребите и во кујната, а секако освен комарците тие ги бркаат и другите инсекти.

 

Овие 5 билки вреди да ги имате во домот ова лето:

 

  1. Босилек

 

Најдобрата можна заштита од комарци е токму босилекот. Но, оваа билка може да биде и одличен додаток во разни сосови и салати. Билката мора да има доволно сонце и редовно да ја чистите и да ги одржувајте листовите. Кога ќе се појават цветови, за жал морате да ги извадите, за листовите да имаат добар вкус.

 

  1. Нане

 

Лесно е за одржување и брзо се шири, а препорачливо е да ја посадите во саксија, а не директно на земја бидејќи ќе ја фати целата територија. Силниот и освежувачки мирис ќе ги избрка комарците, но и можете да уживате во вкусен леден чај од нане.

 

  1. Маточина

 

Расте во облик на грмушка и има скромни барања: успева на секоја земја и на сонце и на сенка. Нејзините лисја можат да послужат за правење на чај, а и ги брка сите инсекти, особено комарците од вашиот двор или тераса.

 

  1. Очајница

 

Ако имате мачка, ова е идеално решение: додека таа одушевено ќе се трие од билката, вашиот миленик дискретно ќе го шири мирисот на оваа билка, која ги одбива комарците.

 

  1. Лаванда

 

Освен што во вашата градина или тераса ќе и даде посебен летен изглед, лавандата со својата миризба се бори со комарците и другите инсекти. Таа има интензивна арома заради која летово ќе можете да уживате во нејзина близина и без инсекти.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma