Уживањето во сексот значи постојано да го запознавате вашето тело и телото на вашиот партнер. Експертите велат дека одредени места предизвикуваат посебна страст и водат директно до оргазам.
- Срамна коска – перинеум
Женевиев Дуарт, експерт за тантрички масажи од Њујорк, советува да се започне со масажа на местата кои се во непосредна близина на половите органи. Стимулација на тие делови од телото, како што е срамната коска (делот помеѓу пенисот и анусот) крие многу еротски потенцијал. Масирањето на овој дел со два или три прста, држејќи го пенисот исправено со другата рака, обезбедува врвно задоволство – вели Дуарт.
- Чувствителниот раб на усните
Букалниот нерв, сместен на рабовите на устата и тоа како може да помогне во љубовната предигра.
– Оваа област е исклучително чувствителна на допир. Често се занемарува бидејќи повеќето луѓе се концентрираат на средниот дел од усните кога се бакнуваат. Ако поминете лесно со палецот преку работ на устата (како да ставате молив за усни), ќе почувствувате скокоткање, вели клиничкиот сексолог Рејчел Рос. А задоболството зголемете со комбинација со бакнеж.
– По вообичаениот бакнеж, поминете со врвот на јазикот по горниот раб на усната на партнерот. Повлечете се и бакнете го повторно, ја објаснува д-р Рос оваа непогрешива тактика.
- Брадавици
Пети Бритон, клинички сексолог од Лос Анџелес и автор на „The Complete Idiot’s Guide to Sensual Massage“, ја објасни вредноста на играта со брадавиците.
– Применливо е и за жени и за мажи. Можете да му покажете што точно ви се допаѓа играјќи со неговата брадавица – објаснува – Нивните брадавици се неистражена територија, ерогена зона со која не експериментирале. Лесно поминете со јазикот преку нив, штипнете, гризнете…