ОВИЕ НАМИРНИЦИ ГИ КОНСУМИРАМЕ НАУТРО, А НЕ СЕ ДОБРИ ЗА ЗДРАВЈЕТО! Еве зошто не треба да ги земате на празен стомак

popara30 декември, 20221min00
504302_xstock-photo-a-bottle-of-milk-and-glass-of-milk-on-a-wooden-table-on-a-blue-background-568076731_f

Многу луѓе сакаат да го започнат денот со чаша јогурт или на пример банана, но ова не е толку добра идеја бидејќи може да предизвикаат стомачни проблеми.

Агруми

Многу луѓе сакаат да испијат чаша цеден портокал или лимон веднаш штом ќе станат. Сепак, цитрусното овошје може да предизвика киселини, па доколку имате стомачни проблеми избегнувајте ги во утринските часови.

Банана

Јадењето банана на празен стомак е многу лоша идеја, бидејќи може да предизвика зголемување на шеќерот во крвта, а потоа опаѓање. Резултатот е глад што може да се појави во текот на денот.

Сиров зеленчук

Сировиот зеленчук е богат со минерали, витамини и влакна, но не се препорачува да се јаде како појадок. Кога се зема на празен стомак, создава голем предизвик за нашиот дигестивен тракт.

Јогурт

Не се малку оние луѓе кои сакаат да испијат чаша јогурт веднаш штом ќе станат. Оваа намирница содржи здрави млечни бактерии, но тие не стигнуваат до цревата бидејќи силната стомачна киселина ги убива.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma