Овие намирници го уништуваат организмот: Секојдневно јадете УЛТРА ПРЕБРАБОТЕНА храна која е неверојатно штетна

popara10 септември, 20221min00
676

Исфрлете ги овие производи од вашата исхрана

Според системот за класификација на храна „NOVA food classification“, ултра-обработена храна се производи кои се направени во индустриска средина, од состојки кои самите се, целосно или делумно направени во лабораторија или екстрахирани од храна.

Оваа класификација била развиена од истражувачи од Центарот за епидемиолошки студии за здравје и исхрана на Факултетот за јавно здравје на Универзитетот во Сао Паоло во Бразил.

Резултатите од спроведеното истражување покажале дека оваа храна има неверојатно лошо влијание врз здравјето. Поттикнува дебелеење, што дополнително може да доведе до разни здравствени проблеми. Меѓу другото, се покажало дека жените се особено склони кон ова. Исто така, докажано е дека оваа намирница го зголемува ризикот од рак.

Научниците ги поделиле сите тестирани намирници во четири категории. Првата вклучува минимално преработена, па дури и сирова храна. Втората група вклучува преработени кулинарски состојки, како што се масло, сол и шеќер. Потоа доаѓа преработената храна и на крајот ултра преработената и најнездрава храна.

Општо земено, производот може да се смета за ултра-обработен ако неговата листа на состојки вклучува најмалку една ставка од следната листа:

– шеќери, масти и конзерванси, како незаменлив дел од ултра-обработената храна.

– адитиви дизајнирани да имитираат природна непреработена храна.

– засилувачи на вкус, бои и други адитиви.

– состојки направени со синтетизирање на состојките на храната, како што се малтодекстрин, сируп од пченка со висока содржина на фруктоза, модифициран скроб и хидрогенизирани масти.

See the source image

И покрај тоа што е доста познато нивното лошо дејство врз организмот, сепак овие намирници се речиси незаменлив дел од секојдневната исхрана. Доколку сакате да се грижите за вашето здравје, би било добро да го намалите нивниот внес на минимум или целосно да ги исфрлите од исхраната:

Во оваа група спаѓаат газирани и енергетски пијалоци, како и засладени сокови. Потоа следуваат инстант крем супите и супите од кесичка, маргаринот и енергетски барови. Од омилените задоволства тука спаѓаат сладолед, бонбони и засладен овошен јогурт. Исто така избегнувајте масовно произведени и пакувани печива, како и претходно подготвена храна како виршли, пилешки медалјони, рибини стапчиња или пица.

Докторот Фанг Фанг Џанг, еден од авторите на студијата за колоректален карцином не потсетува дека ултра-обработената храна вклучува преработено месо, кое има малку диетални влакна.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma