Овие работи никогаш не треба да ги правите за време на интимниот однос- ќе го оладите!

popara23 април, 20221min00
212106838162615c46ca0e5455163353_640

Кога уживате во кревет со партнерот, последното нешто што сакате да го направите е нешто што тотално ќе го „олади“. Еве кои работи можат да доведат до ова…

Не секој знае како да го направи водењето љубов пријатно и ненадминливо искуство. Секако, сите сме различни и она што е пријатно за еден партнер е можеби незамисливо за друг при интимниот чин.

Еве неколку вообичаени грешки што генерално треба да ги избегнувате.

  1. Избегнување на бакнување

Верувале или не, многу луѓе, и мажи и жени, не го љубат партнерот додека водат љубов. Ако се прашувате зошто, причината можеби е изборот на поза која не им дозволува или премногу се желни за кулминација и чувствуваат дека тоа може да им го прекине ритамот. Сепак, препорачливо е да го бакнувате партнерот за време на овој интимен чин, бидејќи тоа само ќе го допринесе за искуството.

  1. Грицкање пред вашиот партнер да биде подготвен

Додека многу луѓе понекогаш уживаат во малку поагресивен секс, гризењето или грицкањето на кој било дел од телото пред да се возбудат може само да доведе до болка и непријатност или едноставно да ги изненади и исплаши. Затоа погрижете се вашиот партнер да биде целосно подготвен пред да му го гризнете увото, рамото, вратот или кој било друг дел од телото, пренесува „espreso.co.rs“.

  1. Игнорирање на сите ерогени зони освен интимните делови

Несомнено е дека гениталиите се во фокусот за време на сексот, но дефинитивно треба да обрнете внимание на другите делови од телото на партнерот и да им посветите малку време. На пример, колената, зглобовите, грбот и стомакот се силни ерогени зони и за мажите и за жените. Нежното галење на овие области дополнително ќе го возбуди партнерот.

  1. Потпирање на партнерот со цела тежина

Ова важи и за жените. Во ред е одвреме-навреме да се опуштите и да се изгубите во моментот додека уживате со партнерот. Но, кога лежите над него, треба да внимавате да не му ја префрлите целата тежина. Ако го згмечите или со својата тежина му го попречите дишењето, ќе го уништи моментот и сите шанси за добра акција во кревет.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma