ОВИЕ РЕЧЕНИЦИ ПРЕДИЗВИКУВААТ ХАОС ВО ВРСКАТА: Со нив многу брзо може да предизвикате кавга

popara6 април, 20221min00
Screenshot_1

Постојат работи за кои мажите се многу чувствителни и кои не ги простуваат

 

 

Начинот на комуникација е клучот за добри партнерски односи, затоа важно е да не дозволите јазикот да ви биде побрз од паметот и да кажете нешто поради што подоцна ќе се каете. Пред да кажете што било, добро размислете, особено ако знаете дека тоа би можело да го повреди, бидејќи мажите ретко покажуваат како се чувствуваат.

 

Ни во моментите на најголем гнев, немојте да му кажете: „Ти си мамин син“.

 

Мажите се многу чувствителни на тоа и сакаат да слушаат само убави работи на сметка на мајка им. Сè додека има добра комуникација со неа, а тоа не го нарушува вашиот однос, немате причина за загриженост.

 

 

Не сакаат да ја слушаат ни реченицата: „Мора да разговараме“.

 

И пред да кажете за што сакате да разговарате, напамет им паѓаат најлошите можни сценарија. Доколку постои проблем меѓу вас, тогаш би требало да разговарате, но грешка е ако го започнете разговорот со овие зборови, бидејќи ќе се исплашат и ќе се повлечат. Затоа, дами, бидете малку потактични.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma