ОВИЕ ХОЛИВУДСКИ ЅВЕЗДИ ГО ПРОСЛАВУВААТ ПРАВОСЛАВНИОТ БОЖИЌ! Од актери до старлети!

popara7 јануари, 20221min00
89867_tom-henks-reuter_f

Многу холивудски ѕвезди најчесто го слават Божиќ на 25 декември, но има и такви кои овој празник го поминуваат со семејството на 7 јануари. Некои почитуваат и слават поради семејството и предците, додека повеќето поради љубовта кон својот животен партнер

Манекенката Наоми Кембел станала верник во Руската православна црква додека била во врска со рускиот тајкун Владислав Дороњин.

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан е родена во Лос Анџелес, но има ерменско потекло, четврта генерација емигранти од Ерменија, а нејзините предци живееле на територијата што денес е во Турција.

Актерката Џенифер Анистон го наследила православното христијанство од нејзиниот татко Џон Анистон. Роден како Јанис Анастасакис на Крит.

Таа давала добротворни прилози за црквата.

Оскаровецот Том Хенкс од љубов бил „принуден“ да стане православен. Кога по вторпат се ожени со својата колешка Рита Вилсон, актерот реши да стане православен. Таткото на Рита е од Бугарија, додека нејзината мајка Гркинка по потекло е од Албанија.

Џејмс Белуши е роден во Чикаго, а неговите родители емигрирале од албанско село недалеку од грчката граница. Џејмс е член на Албанската православна црква и е горд на своите корени. Во текот на осумдесетите, актерот и неговото семејство постојано ја посетувале ПЦ во Лос Анџелес.

Актерот Кристијан Бејл тргна по стапките на Том Хенкс и ја смени верата поради љубов кон моделот со српско потекло Сиби (Сандра) Блажиќ. Тој ја прифати православната вера откако се ожени со Сиби, во 2000 година.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma