Овие 3 намирници кои ќе ви помогнат да потемнете побрзо: Едната е особено важна

popara22 мај, 20221min00
carrot-juice-16231571920-830x0

Овие намирници ќе донесат придобивки за вашето целокупно здравје

Летото е се поблиску, а топлото време стана наше секојдневие. Летни фустани, маички и шорцеви се секојдневни комбинации на облека, а многу подобро изгледаат на исончано тело.

Многу луѓе ги користат сончевите зраци за да поцрнат и да го апсорбираат витаминот Д, но иако тоа има свои придобивки, сончањето со себе носи голем број опасности, па затоа внимавајте и задолжително користете крема за сончање.

Меѓутоа, доколку сакате да имате бронзен тен без премногу да се изложувате на сонце, во тоа можат да ви помогнат одредени намирници кои ќе го забрзаат потемнувањето на кожата.

  1. Морков

Морковот е полн со бета-каротен, кој е одличен за тенот и и помага на кожата да добие убава, бронзена нијанса. Тоа е главната состојка во препаратите кои се користат за таа намена, но далеку подобар избор е да се земе бета-каротен на природен начин.

Доколку не сте љубител на свежиот морков, пробајте го сокот и комбинацијата со друго овошје. Да речеме, цеден сок од портокал и морков е совршено освежување.

2 Јајца

Јајцата се храна која ќе биде добар сојузник во одржувањето на тенот. Богати со калциум, витамини А, Б и Д, но и селен, прават добро за целото тело. Ова се намирници кои исто така го задржуваат бета-каротенот во вашиот систем, што значи дека тенот нема брзо да исчезне.

  1. Кељ

Кељот е многу богат со нитритивни својства, а неговото консумирање ја подобрува состојбата на целиот организам и цревната флора. Меѓу другите придобивки, овој лиснат зеленчук е богат со бета-каротен, како и морковите.

Конзумирањето кељ во потоплите месеци ќе помогне вашиот тен да изгледа блескаво и побрзо да добие бронзена боја.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma