ОВИЕ 5 РАБОТИ КАКО МАГНЕТ ПРИВЛЕКУВААТ НЕВОЛЈИ Ако не се ослободите од нив ќе живеете во страдање и сиромаштија

popara11 март, 20221min00
Screenshot_1

Постојат работи кои внесуваат позитивна или негативна енергија во домот

 

Фенг шуи е древна филозофија според која, меѓу другото, постојат работи кои внесуваат позитивна или негативна енергија во куќата. За жал, работите кои повеќето ги имаат се мамка за лоша енергија, па затоа треба што поскоро да ги извадите од дома!

 

 

Трнливи растенија

 

Трнливите растенија, како кактусот или розите, според фенг шуи, привлекуваат лоша енергија, односно кавги и конфликти во семејството. Овие растенија особено не треба да се чуваат во дневната соба, спалната соба или во близина на влезот.

 

Љубовните врски страдаат и поради трнливите растенија, кои можат да ви донесат и парични проблеми.

 

Ако ви се допаѓа овој вид на растенија, можете да ги чувате на отворено.

 

Скршени или оштетени садови

 

Колкумина од нас имаат оштетена чинија или чаша во куќата? Сите ги оставаме, водејќи се од тоа дека продолжуваат да си ја служат својата цел, но треба што поскоро да бидат исфрлени од дома. Според античката филозофија, тоа предизвикува тага во домот, а јадењето од испукана чинија привлекува проблеми и неуспех.

 

ТВ во спалната соба

 

А докторите ќе ви кажат дека телевизорот во спалната соба е лоша идеја, но од други причини. Според фенг шуи, телевизијата е иста како огледало, кое ја ослободува јанг енергијата, додека другата, јин енергијата, која е пожелна нè смирува и ни помага да спиеме подобро. Доколку не можете да се ослободите од него, експертите за фенг шуи ве советуваат барем да го покриете со нешто кога не го гледате.

 

Часовници кои не работат

 

Многумина од нас слушнале дека не треба да чуваме часовници во куќата кои не работат. Ова верување се заснова на фактот дека расипан часовник симболизира „заглавени“ во животот, стоење во место, што не го сакате.

 

Овенати растенија

 

Експертите за фенг шуи предупредуваат дека овенатите растенија привлекуваат лоша енергија! Нивниот совет е да се погрижите сите растенија што ги имате во домот да бидат во добра состојба, бидејќи така привлекуваат позитивност, виталност и среќа. Оние кои почнуваат да овенуваат заменете ги со свежи, за секогаш добра енергија да тече низ куќата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma