Овошје кое може да ви помогне да ја исчистите куќата: Никогаш не би помислиле дека овие намирници ќе ви бидат корисни за одржување на домот

popara1 ноември, 20221min00
Screenshot_1

Верувале или не, кујнските површини можете да ги исчистите и со некое овошје. Резултатот ќе биде сличен како да сте користеле скапи хемикалии

 

 

 

Чистењето на куќата не е ничија омилена активност, особено кога одзема време од викендот и моменти кои можеме да ги поминеме со семејството и пријателите. Ако на тоа се додаде и отпорот на многумина од нас на користење на бројни хемикалии, чистењето на домот е една од најомразените задачи за која ни е потребна дополнителна мотивација.

 

Затоа ви го откриваме чудесното дејство на три од најприродните можни средства за чистење кои ќе бидат корисни за редовно одржување на одредени делови од домаќинството: грејпфрут, лимон и банана.

 

Грејпфрут

 

Одлично решение за чистење на бањата е токму сокот од грејпфрут. Може да се користи за чистење на мијалникот или кадата, а се што треба да направите за овој природен препарат е да пресечете грејпфрут на половина и да го потопите во кујнска сол. Обилно посипете ја површината што сакате да ја исчистите и кога ќе завршите, темелно исплакнете ја областа со топла вода. Грејпфрутот може да се користи за чистење на бигор и блага мувла, а исто така мириса одлично.

 

Банани

 

Звучи малку чудно, но кората од банана може да биде решение за заштита на кожните чевли. Калиумот кој се наоѓа во кората од банана често е клучна состојка во некои средства за чевли. Се што ви треба за овој трик е кора од банана и памучна крпа. Избришете го чевелот неколку пати со внатрешната страна на кората од банана, а потоа повторно со крпата. Редовната употреба на лушпи од банана на кожени чевли ќе ги заштити од пукање.

 

 

 

Лимон

 

Сокот од лимон се препорачува за чистење на микробранови печки како и обични рерни, а она што ви е потребно за да го направите ова средство за чистење е да измешате сок од лимон со вода во сад, а потоа да го ставите садот во микробранова печка. Вклучете го максимум две до три минути, а откако ќе заврши, оставете ја вратата затворена уште неколку минути за да спречите излегување на пареата. На крајот, избришете ја внатрешноста на микробрановата печка со памучна крпа. На ист начин делува и со обична рерна, но оставете го садот 20 минути на 200 степени.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma