Магазинот „People“ официјално го избра најсексапилниот маж на светот за 2022 година, а изборот падна на холивудскиот актер Крис Еванс. Оваа ласкава титула му побегна пред две години, а ја освои неговиот колега Пол Рад.
Титулата му беше доделена во популарната емисија „The Late Show“ чиј водител беше Стивен Колбер, а актерот учествуваше преку видео повик, со оглед на тоа дека е во друга земја на снимање на нов филм.
Актерот изјави дека се уште се навикнува на новиот наслов, но знае кого најмногу ќе воодушеви.
– Мама ќе биде многу среќна. Таа е горда на се што правам, но ова е нешто со што навистина може да се пофали – изјави Крис.
Кога беше објавено дека Крис е најсекси маж на светот, жените почнаа да свиркаат и аплаудираат, а нема сомнеж дека тој ја заслужил оваа титула.
Тој е најпознат по улогата на Капетан Америка во филмовите на Марвел, но публиката го памети и по неговата улога во филмовите Fantastic Four..