
Кога ќе дојде зимата и ќе пристигнат студените денови, ја менуваме летната облека во зимска за да се стоплиме и да одолееме на ниските температури. Најчесто стајлинзите ги криеме со јакни и капути, па не можат да дојдат до израз на улиците.
Сепак, секогаш можеме да додадеме детали кои го истакнуваат „зимскиот аутфит“ и кои можат да донесат посебна димензија на вашиот стил.
Имено, можете да изберете интересни шалови кои можат да дадат посебна димензија која ја истакнува вашата самодоверба:
1. Шалови дизајнирани да имаат повеќе нијанси на себе, односно комбинирани со сина, тиркизна, портокалова и зелена, кои се одлични за зима бидејќи целосно ќе го привлечат погледот на вас на улица
2. Поголема и „гламазна“ марама која има светли нијанси, со претежно портокалова, која можете да ја врзете директно за вратот, за да ве заштити од ниски температури
3. Комбинацијата на зелени, црвени и беж нијанси е одлична бидејќи се толку специфични што никој нема да може да го тргне погледот од вас
4. Беж нијанса е секогаш добар избор бидејќи со неа нема грешки, ќе оставите софистициран изглед бидејќи оваа боја зрачи со деловен стил кој ќе ви даде голема самодоверба