Повеќе нема да имате проблеми со непријатниот мирис од пазувите.
За да го спречите непријатниот мирис на пот, можете сами да си направите природен дезодоранс дома, или да изберете еден од природните начини за елиминирање на мирисот на пот.
Направете спреј (раствор) против непријатниот мирис на пот по следниот рецепт:
3 супени лажици сушена камилица прелијте ги со 1 литар вода. Сварете го. Извадете го од шпоретот, поклопете и оставете да отстои еден час. Потоа процедете го чајот и додадете 1 лажица сода бикарбона. Добро измешајте да се раствори содата и истурете во шише со распрскувач. Проверете сами.