ОВОЈ СИМПТОМ ПОКАЖУВА ДЕКА СТЕ БИЛЕ ЗАРАЗЕНИ СО ОМИРКОН, А ДА НЕ СТЕ ЗНАЕЛЕ: Се јавува и кај оние кои го поминале вирусот на нозе

popara21 јануари, 20221min00
Screenshot_1

Неколку недели до три месеци по омиркон, луѓето се повеќе пријавуваат специфични проблеми

 

Најновите светски студии и истражувања покажаа дека луѓето кои заболеле од омиркон како последица на инфекцијата пријавуваат масовно опаѓање на косата.

 

Експертите досега открија дека иако се шири побрзо и е далеку позаразен од претходните соеви, омиркон дава полесни клинички слики, но дава и многу асимптоматски случаи. Токму оние луѓе кои немале никакви проблеми немаше да знаат дека се заразиле со инфекцијата, доколку не почнала да им паѓа косата како последица на инфекцијата.

 

Имено, студијата „Хакенсак“ на Универзитетскиот медицински центар во Њу Џерси покажала дека опаѓањето на косата главно се јавува помеѓу неколку недели и три месеци по болеста. Исто така, истражувачки тим од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Индијана открил дека речиси една третина од 1.500 учесници пријавиле губење на косата како еден од долгорочните симптоми на ковид, соопшти Институтот за трихологија.

 

Експертите објаснуваат дека косата опаѓа кога реакцијата на телото на вирусот станува преактивна и предизвикува воспаление, иако лицето веќе требало да се опорави од Ковид. Друга причина е стресот, бидејќи е познато дека ковид предизвикува стрес, но се поврзува и со опаѓање на косата.

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma