Совршен пијалок за крајот на денот
Сите кои ја почитуваат традиционалната медицина, тврдат дека хмељот е најдобриот седатив, бидејќи ги смирува нервите и го намалува чувството на напнатост.
Исто така, луѓето кои немаат апетит поради нервоза и тешко ја варат храната, се користи и во вид на инфузии, алкохолни екстракти или сирупи.
Забележано е дека перниците полни со хмељ помагаат при несоница.
Неговиот чај помага и при нарушувања на спиењето, страв и немир.
Подготовка:
Две лажички хмељ прелијте ги со 200 мл зовриена вода, па оставете покриено 15 минути со повремено мешање и потоа процедете.
Примена:
Доколку имате проблем со несоница, потребно е да го пиете пред спиење, а во други околности кога чувствувате одредена непријатност, немир и страв.