Ограбена вилата на Дејвид и Викторија Бекам: Украдени дизајнерски и електрични предмети во вредност од илјадници фунти

popara31 март, 20221min00
viktorija-dejvid-bekam-vila-830x0

Се верува дека грабежот во Кенсингтон се случил доцна вечерта на 28-ми февруари додека Бекамови биле во вилата со нивната 10-годишна ќерка.

Илјадници фунти се украдени при грабеж во луксузниот дом на Дејвид и Викторија Бекам во западен Лондон, објавија британските медиуми.

Според таблоидот „Сан“, кражбата не била откриена се додека синот Круз Бекам (17) не се вратил дома од ноќно излегување и видел скршен прозорец и ограбена спална соба.

Лондонската полиција потврди за медиумите дека околу полноќ на 1-ви март, полициски службеници одговориле на извештаите за кражба во куќа во областа W11 во Кенсингтон.

Претставник на полицијата додаде дека се пријавени неколку предмети за украдени. Се уште нема уапсени, а истрагата продолжува.

Според таблоидот „Сан“, меѓу украдените предмети има дизајнерски и електрични предмети во вредност од илјадници фунти.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma