Одете на одмор и не размислувајте за ЦВЕЌИЊАТА: 3 начини да им обезбедите на растенијата доволно вода додека не сте тука

popara2 јуни, 20221min00
shutterstock_1557489584

Важно е цвеќињата и тогаш да добиваат доволно вода

Доколку планирате да одите на одмор, а немате кому да ги доверите вашите прекрасни растенија за кои толку многу сте се грижеле, имаме решение за вас.

Со неколку алатки на своите миленици ќе им обезбедите доволно вода за следната недела, а ќе можете целосно безгрижно да уживате во летните патувања.

Потребни ви се само неколку алатки, а методот изберете го врз основа на она што го имате дома.

Метод 1: Наполнете кофа или голем сад со вода. Земете памук и ставете го едниот крај на дното на самиот сад, а другиот крај ставете го во садот со растението, што е можно поблиску до коренот.

Погрижете се да остане на дното на садот, за овој метод да функционира додека не сте таму. Памукот ќе ја впие течноста и ќе ја пренесе до растението, така што секогаш ќе биде хидрирано.

Метод 2: Земете едно чисто пластично шише. Издупчете неколку дренажни дупки во шишето во близина на врвот. Пред да одите на одмор, наводнете го растението како и секогаш, а пластичното шише наполнете го со вода, превртете го наопаку и забодете го во саксијата со земја.

Погрижете се сите дупки да бидат во земја, за водата полека да истекува од шишето. Исто така, имајте на ум дека овој трик е поприменлив кога станува збор за поголеми саксии.

Метод 3: Ако вашата саксија има добра дренажа, односно водата може непречено да влегува или да истекува од неа, наполнете го мијалникот или кадата со неколку сантиметри вода и натопете крпа во него. Потоа ставете ја саксијата на крпата.

Почвата ќе привлече вода до корените, обезбедувајќи им на растенијата доволна хидратација. Единствениот факт со овој трик е тоа што е неопходно вашата бања да биде добро осветлена, бидејќи знаете дека на растенијата им е потребна сончева светлина.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma