Цветот од багрем е одличен за нашето здравје, а цвета од април до крајот на мај, па сега е идеално време да се берат неколку скапоцени цветови.
Багремот во цветот содржи витамин Ц, есенцијално масло, шеќер, смола и танини, а во семките протеини, јаглени хидрати, витамини А, Б1, Б2, Б6, Ц, како и магнезиум, фосфор, железо, цинк.
Ефикасен е за вируси, грчеви, кожни болести, но и за намалување на температурата, а делува и како диуретик.
Неговите цветови можете да ги користите и во исхраната доколку имате проблем со запек или срцеви заболувања.
Медот од багрем ни е познат одамна, но ефикасен може да биде и чајот од ова растение. Се приготвува така што една лажичка суви цветови од багрем се прелива со проверена вода и се остава да отстои половина час. Потоа процедете и пијте 1-3 шолји дневно.
Чајот од цвет од багрем помага при ревматизам, гастритис, киселини и чир на желудникот.
Обрнете внимание бидејќи кората на багремот е многу отровна, а тоа важи и за сировите листови и семки од багремот, кои можат да предизвикаат слабост, дијареа, повраќање и ослабен пулс.
Познато е дека цветовите од багрем можат да бидат одличен специјалитет, а можете да ги измешате во смеса за палачинки и да го пржите на врело масло.