
Можеби сокот од морков не ви звучи како примамливо освежување, но факт е дека е богат со хранливи материи кои навистина имаат големо влијание врз вашето тело.
Се верува дека овој сок има одлично влијание врз здравјето на луѓето и е многу корисен за имунитетот, сетилото за вид и многу други работи.
1. Исхрана
Сокот од морков содржи голема количина на хранливи материи и истовремено содржи мала количина на јаглени хидрати и калории. Една чаша од 240 ml содржи:
Калории: 96
– Протеини: 2 грама
– Масти: помалку од 1 грам
– Јаглехидрати: 22 грама
– Шеќери: 9 грама
– Влакна: 2 грама
– Витамин А (како провитамин А): 255% од дневната вредност
– Витамин Ц: 23%
– Витамин К: 31%
– калиум: 15%
2. Добро е за очите
Витаминот А, кој се наоѓа во сокот од морков, е од витално значење за здравјето на очите. Неколку студии го поврзуваат внесот на овошје и зеленчук кои содржат провитамин А со намален ризик од очни болести поврзани со возраста и слепило.
Покрај тоа, сокот од морков е одличен извор на лутеин и зеаксантин, два други каротеноиди кои се акумулираат во вашите очи и ги штитат од штетна светлина.
3. Го зајакнува имунитетот
Витамините А и Ц кои се наоѓаат во сокот од морков делуваат како антиоксиданти и ги штитат имуните клетки од штетните ефекти на слободните радикали. Покрај нив, сокот од морков содржи и витамин Б6, кој е исклучително важен за имунитетот.
4. Го регулира шеќерот
Пиењето сок од морков во мали количини може да го регулира нивото на шеќер во крвта. Овој сок содржи пробиотици, корисни бактерии кои влијаат на цревните бактерии поврзани со дијабетес. Сокот од морков има низок гликемиски индекс – мерка за тоа колку одредена храна го зголемува нивото на шеќер во крвта.
Генерално, храната со низок гликемиски индекс е корисна за луѓето кои страдаат од дијабетес.

5. Здравје на кожата
Сокот од морков е богат со супстанции кои влијаат на производството на колаген во кожата, кој е одговорен за нејзината еластичност и добриот изглед. Покрај тоа, витаминот Ц делува како антиоксиданс и ја штити вашата кожа од штетните ефекти на слободните радикали.
Кожата користи и бета каротин, а едно истражување покажа дека исхраната богата со каротеноиди може да го подобри изгледот на кожата и да ја заштити од штетното влијание на УВ зраците.
6. Здравје на срцето
Овој пијалок е ефикасен и за намалување на ризикот од срцеви заболувања. Тој е добар извор на калиум, кој позитивно влијае на крвниот притисок. Се покажа дека исхраната богата со калиум штити од мозочен удар и висок крвен притисок.
7. Здравје на црниот дроб
Се смета дека каротеноидите во сокот од морков имаат позитивен ефект врз здравјето на црниот дроб. Неколку студии покажуваат дека антиоксидантните и антиинфламаторните ефекти на каротеноидите штитат од безалкохолни масни заболувања на црниот дроб.