Овој пијалок прави чуда за кадрици
Дамите со виткана коса често користат пиво, бидејќи локните до него се обликуваат феноменално, а косата сјае. Меѓутоа, по некое време жените забележуваат дека косата им станува посува, а врвовите лесно се кршат!
Сето тоа се случува поради една грешка!
Имено, пред да го нанесете на косата, задолжително истурете го пивото во некој сад и оставете го малку за да се проветри алкохолот бидејќи ја суши косата. Останатите намирници од овој пијалок се многу хранливи.
Така ќе ги спречите несаканите ефекти на оваа состојка, која на многумина не им се допаѓа дури и кога е дел од индустриските производи за нега на коса.
Исто така, можете да го ставите пивото во шише со распрснувач – на овој начин ќе нанесете помала количина на косата, а алкохолот побрзо ќе испари, па нема да има толку штетно дејство.