Однесување кое може да предвиди дека бракот ќе заврши со развод: Два збора што никогаш не треба да ги користиме

popara22 јули, 20221min00
8eb77d4cb556e52c677e1f0931404ef0b6415715

Некои однесувања јасно укажуваат на тоа дека односот меѓу двајца луѓе е несигурен

Секој брак е приказна за себе. Успехот на емотивниот однос ќе зависи од карактеристиките на луѓето и нивните интеракции.

Научникот Џон Готман и неговата сопруга, клиничкиот психолог д-р Џули Готман, со децении го проучуваат однесувањето на паровите. Заедно, тие го основаа институтот Готман, кој ја користи моќта на научното истражување во комбинација со практичната клиничка пракса за да им помогне на паровите да градат здрави врски и да ги зајакнат браковите. Тие ги издвоија работите кои најдобро го предвидуваат разводот, пишува „The List“.

Критика

Критиката е првиот знак дека бракот оди кон развод. Има јасна разлика помеѓу жалба и критика. Критиката го напаѓа целиот карактер на поединецот и остава личноста да се чувствува безвредно и казнето. Има разлика помеѓу „Треба да го извадиш ѓубрето“ (поплака) и „Никогаш не го вадиш ѓубрето затоа што секогаш си неверојатно мрзлив“ (критика). Според блогот на институтот Готман, „зборовите како „секогаш“ и „никогаш“ имплицираат дека другата личност има постојана и негативна маана на личноста. Критиката е особено опасна бидејќи ако не се контролира, обично ескалира и води до три други негативни однесувања.

Лутината во врската

Прозивањето, превртувањето очи, исмејувањето, омаловажувањето заедно со сарказмот доведуваат до непријателство. Ова е исклучително штетно за здравјето и емоционално и физички.

Одбранбеност

Ова е често реакција на критики и гнев. Одбранбеноста е форма на самозаштита. Обично се сведува на префрлање на вината или одговорноста врз партнерот. Може да изгледа како контранапад.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma