Одозгора изгледа на бројот 10, а всушност е ТОПКА: Погледнете го домот на Лионел Меси во Шпанија, единствен од својот вид на светот

popara26 декември, 20221min00
350299_lionelleomesi_ff

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси со својата репрезентација го достигна светскиот врв кога го освои Светското првенство. Оттогаш светските медиуми не престануваат да зборуваат за најдобриот фудбалер на сите времиња, но и за неговото семејство.

Се појавија бројни интересни факти за човекот на кој му се восхитува целиот свет, а еден од оние кои ќе ве воодушеви и заинтригира е проектот на една од неговите куќи лоцирана во Шпанија.

Решил некако да ја покаже сета љубов што ја чувствува кон топката, која е заслужна за неговиот успех, покрај талентот и работата, па решил да изгради куќа во форма на топка.

Но, тоа не е се. Додека самата структура е тркалезна, останатиот дел изгледа како фудбалско игралиште поделено на два дела! Исто така, со структурата пред главната зграда, од воздух оваа куќа изгледа како број 10 – број на дресот на познат фудбалер.

Тој проект беше еден од најамбициозните и најголемите предизвици за шпанските архитекти кои работеа на него, а освен симболиката што ја носи со себе, секако е еден од најуникатните во светот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag