ОД МАШКИ АГОЛ! НАЈГОЛЕМИТЕ ГРЕШКИ кои ги прават девојките на првиот состанок!

popara6 септември, 20221min00
Screenshot_1

Првиот состанок сè уште носи одредена возбуда со себе, без оглед за која возраст станува збор.

 

 

Понекогаш е задоволство, а понекогаш вистинско мачење. Втората ситуација е најверојатното можно сценарио кога се случуваат неколку (или недај боже сите) од наведените 8 работи.

 

Многу веројатно е дека состанокот нема да доживее реприза доколку сте сведок или креатор на следните 8 чинови во новата љубовна драма:

 

Критикувате и давате сугестии

Како може да ти се допаѓа тој никаков филм/бенд? Мислам дека подобро би изгледал/а со неколку килограми минус. Можеш да бидеш поуспешен доколку се потрудиш повеќе, не мислиш така?

 

Никој не сака да слуша критики и совети на првиот состанок и да има чувство како да излегол со некаде со родителите.

 

Совет: Воздржете се од критикување и премногу отворено искажување на сите мисли кои ќе ви поминат низ главата.

 

Зборувате за поранешните дечковци / девојки

Мојата поранешна девојка исто така сакаше розе вино. Мојот претходен дечко живееше за фудбал.

 

Зошто би зборувале за работи кои веќе поминале и треба да се оставени зад вас? Зошто би сакале да го зачините првиот состанок со непријатна чудна атмосфера?

 

Совет: Не зборувајте ништо за своите поранешни љубовни искуства. Всушност, не споменувајте ги воопшто, ниту за добро, ниту за лошо.

 

Премногу зборувате за работата

Во ред е да се кажат неколку општи информации поврзани со вашата работа. Но, да се начнуваат теми од типот – колку заработување, фрустрации како не сте доволни платени, лошите колегијални односи или нервозите со шефот кој е невозможен, ќе го направат состанокот исто така невозможна мисија.

 

Совет: Доколку веќе споделувате информации поврзани со работата, тоа нека бидат интересни моменти или шеги од работното место.

 

Начнувате погрешни теми на разговор

Религија, политика, пари или во превод кој колку заработува, смрт. Ова се четирите основни теми за кои не е културно да се зборува на првиот состанок, затоа што се пресериозни и на некој начин интимни.

 

На првиот состанок треба да владее опуштено и забавно расположение.

 

Совет: Разговарајте за секојдневни и едноставни, макар и банални нешта кои ќе ве опуштат пред да прејдете на посериозните теми за разговор.

 

Носите несоодветна облека

Треба да имате предвид на каква локација ќе го имате првиот состанок. Не сакате да бидете предотерани, но сигурно не сакате да изгледате како да сте станале од спиење. Облечете се соодветно според пригодата, времето од денот и локацијата.

 

Совет: Нема жена која не ја одобрува комбинацијата од добри фармерки, маичка и патики кај мажите.

 

Жените имаат тенденција секогаш да претеруваат со облеката, накитот, шминката, па внимавајте да не ја преминете границата на добриот вкус. Умереното е секогаш најдобро.

 

Долго зборувате и постојано ѕиркате во мобилниот телефон

Кога е во ред да се јавите на телефон додека сте на состанок? Само доколку станува збор за некоја итна, сериозна ситуација (да признаеме, навистина ретко се случуваат).

 

Некој излегол да се запознае и да помине време со вас, не да ве гледа како половина час зборувате со пријателот или постојано ги проверувате социјалните мрежи.

 

Совет: Заборавете го телефонот. Скријте го во чантата, ставете го во џебот. Исклучете го и ѕвонењето доколку е потребно. Насочете го вниманието целосно кон другата личност. И што и да правите, не се чекирајте на првиот состанок.

 

Строго одбивате алкохол

Доколку ситуацијата и местото го наложуваат тоа, на пример вечера во ресторан со која одлично оди вино или пак паб во кој неизбежно е да се пие пиво, немојте строго да го одбиете алкохолот и уште на почетокот да ја подрасипете атмосферата.

 

Воедно, во мала количина алкохолот ќе ве опушти и расположи, што е дополнителен бонус за состанокот.

 

Совет: Наздравете барем со една чашка алкохол. Ова не е време и место каде што треба да го елаборирате својот реферат поврзан со лошите страни на алкохолот.

 

Лошо сте расположени

Паузите се долги и непријатни, атмосферата е лоша. Некој од вас е толку лошо расположен, што одвај чека состанокот да заврши и да си оди дома. Тој некој вообичаено го добива епитетот „намќор“ и најчесто не добива втора шанса за оставање подобар впечаток.

 

Совет: Доколку сте лошо расположени откажете го состанокот за друг ден. Направете си услуга на двајцата. Доколку сепак не можете да го скриете лошото расположение, а веќе сте на состанокот, најмалку што може да сторите е да се извините за однесувањето.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag