Ријана деновиве ја заинтригира јавноста со своите комбинации на облека за време на бременоста, а најголемо внимание привлече приказната дека момчето ја изневерува со познат дизајнер.
Последните вести за Ријана и нејзиното момче воопшто не се пријатни.
Имено, Асап Роки бил уапсен веднаш по слетувањето во Лос Анџелес. Со Ријана се враќал од Барбадос, а полицијата веднаш го пречекала на аеродром.
Раперот наводно бил уапсен за пукање што се случило во 2021 година.
Раким Мајерс, попознат како Асап Роки, е под истрага за инцидент што се случи во ноември минатата година. Во тоа време, според полициските извештаи, преживеаниот од пукањето и рекол на полицијата дека Мајерс, придружуван од две други лица, наводно „му пришол со пиштол на улица“, додавајќи дека Мајерс го застрелал три до четири пати и верувал дека тој еден од куршумите му поминал низ неговата лева рака. „Пукањето не беше јавно пријавено пред неговото апсење.“
Ова не е прв инцидент на раперот, тој претходно во 2019 година беше обвинет дека и нанел телесни повреди на жртва во Шведска. Потоа платил парична казна.
Останува да се види епологот од овој немил настан.